Одамна немам напишано текст составен од чисто-лични мислења. Периодов е полн со најави за „нови“ НФ проекти, кои имаат огромен потенцијал да потфрлат, па еве одлична шанса за мене. Ама најпрвин, кога веќе безобразно го заситив уште во насловот текстот со често-барани клучни зборови, збор-два за моите тековни проекти: Во последно време „ Дневникот на Историчарот “ е малку нередевен, делумно поради времето кое ми го одзема работата, делумно поради тоа што отиде во правец во кој неочекував дека ќе отиде. За последното сметам дека е дел од убавината на пишувањето, и само значи дека приказната си зема свој живот. И натаму знам како ќе заврши, само ми треба време да ја осмислам средината. Во секој случај, ќе има уште, и приказната ќе биде завршена. На друг фронт, имам напишана книга со дејствие педесетина години по „...Историчарот“, која ми чучи на тврдиот диск веќе некое време и чека да ја прочитам. Што ќе правам со неа, сеуште незнам, ама пишувам во надеж дека сега штом ја најавив коне...