Нов Star Trek?

Денеска осамна вест: CBS веќе продуцира нови Ѕвездени Патеки. Новата серија ќе почне да се емитува во јануари 2017.



И додека сите веќе скокаат од среќа, јас останувам со едно прашање: „Зошто, побогу? Зошто не ја оставите веќе измачената и искрварена франшиза да умре на мира?“

Знам дека моментално звучам како некој butthurt basement dweller кој знае само да критикува туѓ „труд“ (не е далеку до вистината), и дека не мора да ја гледам серијата (што не е точно, условен сум да гледам сè Стар Трек). Ама некаде морам да се испукам.

Џ.Џ. Абрамс не беше сам кога ја создаде абоминацијата наречена, едноставно, Star Trek. Не беше сам ни кога по 4 години го создаде уште поужасниот Star Trek Into Darkness. Не, со него се Алекс Курцман и Роберто Орчи, или како и да се изговара. Само за илустрација, ова е скриншот од филмовите по кои што се познати според IMDB:


И за двајцата е истото, пошто нели, овие филмови еден човек неможе да ги напише.

Овие двајца ја прават новата Стар Трек. Цитат превземен од Daily Buzz: "...ќе донесат нов живот, нови карактери, нови оригинални вонземјани, нови егзотични планети..."

Моето прашање е ако се толку оригинални, зошто не почнат нешто ново, од почеток? Нова интелектуална сопственост е тоа што ѝ е потребно на НФ сцената, посебно во доменот на вселенската опера. Дали „црвената материја“ е оригнален концепт достоен за франшиза која има толку многу допринесено за целокупната човекова култура?

Авантурите на Кирк ја инспирирале генерацијата на нашите родители, отварале очи кон еднаквост, кон науката, кон вселената. Авантурите на Пикард ја продолжуваат таа традиција, многу поуспешно, кај нашите генерации. DS9 ни даде огромна листа „живи“ карактери, и за прв пат приказна која не може да се опфати во две епизоди. Дури и бледиот Војаџер има свои следбеници кај помладите. За секоја од нив, дури и за неуспешниот Enterprise, може да се поминат долги саати дискусија. Денови дури..

Што слушам кога ќе се спомне Start Trek (2009) и неговиот следбеник: „Брат, много јаки ефекти брат!“

Новиот, трет филм од оваа трагедија, треба да ја одбележи 50 годишнината. Режисерот е истиот што го има режирано Fast And Furious. For fuck's sake!!!!

Мора да се помирам со фактот дека Paramount, или кој и да ги има правата моментално (најверојатно Дизни, Дизни има права на сè), никогаш нема да престане да ја молзи својата најпрестижна крава. Мене ми останува да се потрудам да заборавам и да продолжам понатаму. 2017 се шушка дека ќе излезе Babylon 5 филм, можеби ќе е последна, најдобра надеж за добра вселенска опера...

Comments

Popular posts from this blog

Krystabald and the Great Old One

The missing inspiration

Just a simple mail delivery