Posts

Showing posts from May, 2015

Дневникот на Историчарот, 7

Два дена како немам спиено. Помеѓу бескрајните состаноци и известувања, остануваше многу малку време за одмор, во кое едноставно не можев да го најдам сонот. Деведесет и три Кемеријани, триесет и три Семери загинати. Дополнително, педесет и шест Семери се во карантин. Семерите се покажаа многу поотпорни на радијација, веројатно поради поголемата изложеност на вселенета. Првичните пораки дека загубите се мали ми се чинат како огромно потценување на ситуацијата. Незнам каква е ситуацијата на Земјата, но Кемерија нема претрпено вакви загуби уште од земјотресот пред скоро еден век. Пред неколку часа дознавме дека нуклеарката не била единственото оружје во нападот. Пронајдовме непријателско ВИ во нашиот компјутерски систем, кое забрзано работи на пронаоѓање начин на влез во вишите функции на нашиот брод. Нашиот софтвер, иако адекватен за тоа што е направен, е далеку од интелигенцијата на виртуелните агенти кои Луѓето ги имаат развиено. (Проклетство), нивните „андроиди“ не може ни да се р

Нови Star Wars, Alien, X-Files, и статус на моите проекти

Image
Одамна немам напишано текст составен од чисто-лични мислења. Периодов е полн со најави за „нови“ НФ проекти, кои имаат огромен потенцијал да потфрлат, па еве одлична шанса за мене. Ама најпрвин, кога веќе безобразно го заситив уште во насловот текстот со често-барани клучни зборови, збор-два за моите тековни проекти: Во последно време „ Дневникот на Историчарот “ е малку нередевен, делумно поради времето кое ми го одзема работата, делумно поради тоа што отиде во правец во кој неочекував дека ќе отиде. За последното сметам дека е дел од убавината на пишувањето, и само значи дека приказната си зема свој живот. И натаму знам како ќе заврши, само ми треба време да ја осмислам средината. Во секој случај, ќе има уште, и приказната ќе биде завршена. На друг фронт, имам напишана книга со дејствие педесетина години по „...Историчарот“, која ми чучи на тврдиот диск веќе некое време и чека да ја прочитам. Што ќе правам со неа, сеуште незнам, ама пишувам во надеж дека сега штом ја најавив коне