Posts

Showing posts from October, 2013

Europa Report

Image
Инди филм кој треба да се погледне. Europa Report пријатно ме изненади. Се работи за дело на прилично непознатиот режисер Себастиан Кордеро. Премисата е: Шест член меѓународен екипаж учествува во приватно спонзорирано патување кон ледениот сателит на Јупитер, Европа. Нивната мисија е да најдат знаци за живот во океанот кој се наводно се наоѓа под ледот. Филмот е во форма на документарец, споен од снимките добиени од камерите на вселенскиот брод кој ги води астронаутите до дестинацијата. Патувањето трае дваесет месеци до таму, и уште дваесет назад. Слетување на ледениот свет. Europa Report успешно   доловува всушност колку далеку  од дома патуваат астронаутите. 680.300.000 километри можеби звучат како многу, но е тешко да се замисли такво нешто. Барем кај мене, овој филм успеа да створи некоја представа за таа дистанца. Астронаутите на бородот се решени да ја завршат мисијата по секоја цена, т.е. да вратат назад доказ дека има живот на Европа, водени не само од фактот што инак