Posts

Showing posts from March, 2015

Дневникот на Историчарот, 5

На бродот повторно се сретнав со Садин-Ал, со која бев во врска пред да заминам за Земјата. Таа се придружи некои 2-3 години по Првиот Контакт, но освен неколку пати на кратко, воопшто ја немав видено.  Пред два дена се сретнавме во Ловиштето, и откако поминавме вечер заедно, решивме дека уште сме си добро друштво. Садин-Ал е биолог, и за неа Земјата претставуваше безгранично игралиште. Можеше без престан да зборува за сите чуда што успеала да ги истражи. Секако, ја делев фасцинацијата за Земјата, па и допуштав непречено да навлегува во долги монолози. Вчера беше особено расположена да зборува за размножувањето кај Луѓето, а разговорот од чисто научен набргу премина во дискусија за чудниот однос кој Луѓето го имаат према сексот. Луѓето се апсолутно обземени со својата сексуалност. Сексот владее со нивните животи, во секој поглед. Најлесно пристапните, а најверојатно и најбројните дела, им се порнографските, односно делата во кои овој чин е пренагласен. А сепак јавното изјавување

Дневникот на Историчарот, 4

Го гледам Земјиното летало, класа Стрибог, како умешно ги избегнува нашите обиди да го уништиме. Овие летала, првенствено наменети за летови до орбита и назад, не се опремени со никакво оружје, но затоа се неверојатно лесни за маневрирање благодарение на спојот од достигнувањата во материјалите кај луѓето и нашиот погонски систем. Ова летало е првиот резултат на соработката која требаше вечно да трае помеѓу двата вида. Непресушниот ентузијазам на Земјаните за истражување на вселената се прелеа на добар дел од нас. И така почна заедничката мисија за колонизација на Сончевиот Систем. Луѓето се фасцинирани од летањето. Се чини дека целиот вид ѝ зема за зло на природата што не им дала крилја. Низ долги милениуми се обидувале на секакви начини да се вивнат во небесата, за да пред само стотина години конечно да го изградат првиот авион. Оттогаш наваму нивниот прогрес е навистина фасцинантен. Конечното стекнување на можност за летање додало сосема нов живот во нивниот развој. Од тој п