Posts

Showing posts from 2011

Rosa - краток филм

Image
Еве еден прекрасно направен краток филм кој вреди да се погледне. Дејствието во „ Rosa “ се случува во пост-апокалиптичен свет во кој целата природа е изумрена. Во рушевините се буди Роза , киборг дел од проектот Кернел , последниот обид на човештвото да го врати земјиниот екосистем. Наскоро Роза ќе сфати дека не е единствното разбудено „суштество“, и мора да се бори за да преживее. Краткиот филм е дело на млад стрип-уметник Jesús Orellana, и е направено без буџет за само една година. Својата светска премиера ја имаше на Меѓународниот Филмски фестивал во Сиетл, а потоа филмот заврте и по други светски фестивали како Screamfest, Toronto After Dark, Anima Mundi .... Со еден збор, филмот привлече многу внимание, па во план е и да се направи долгометражна верзија. Уживајте во наредните неколку минути. ROSA from Jesús Orellana on Vimeo .

Sci-Fi, Bollywood style

Image
Sci-Fi, Bollywood style Сигурно и кај вас будат воодушевување и трепет во срцето сериите „Малата Невеста“, и „Бандини“? И сте помислиле: „уште НФ серија/филм од индијците, и животот ќе ми е исполнен“. Епа, voila, вака изгледа еден индиски НФ филм, наречен Ra.One: Уште читате? Целото име му е Random Access–Version 1.0, и се работи за суперхеројски филм. Статијата на Wikipedia за овој филм спаѓа во категоријата tl:dr (to long, didn't read), но она што ми падна во очи е цифрата од 39 милони долари за буџетот на филмот, од кои 11,6 милиони долари потрошени за промоција, како и фактот дека е конвертиран за 3D. Ни заработката (37,91 милиони) не му е мала, која е поголема од онаа на Battlefield Earth со Џон траволта, Бери Пепер, Форест Витакер... И навистина не може да е полош Ra.One од Battlefield Earth , затоа си го ставам на листата за „филмови за гледање после колоквиумска“.

НФ серии кои мора да ги гледате, дел втори

Image
Паралелни универзуми, FBI агенти, уште едно дело на Џин, една неправедно потценет spin-off и мапети. Ова е вториот дел од листата НФ серии што мора да ги гледате. 6. Charlie Jade Ова е една серија која многу лесно може да биде заборавена, а никако не смее. Се работи за бисер на НФ кој доаѓа од Јужна Африка, а е снимен 2005. Чарли Џејд е детектив кој по игра на случајност ќе се за глави во паралелен универзум на својот. Оттука почнува уникатна приказна рашир ена на три универзуми, со ликови кои гарантирано долго ќе ги паметите. Посебно 01 Боксер, за мене еден од најдобрите (и најдобар) некогаш осмислени ликови. Серијата изобилува со акција, заплети политички и корпоративни, но само ова испреплетено со одлично разработената приказна и ликови не е единствената добра страна. Серијата нуд и поглед во нешто што ретко го гледаме во ТВ сериите - Кејп Таун и Јужна Африка. Прекрасните кадри, генијалното користење на боите, како и контрастите на Кејп Таун ќе ве замислат што сме, што ќе бид

Б98К34

Беше самрак, но, кога би можел да се сети, би увидел дека само самрак беше видел од своето раѓање на овој камен што некогаш одамна се нарекуваше Земја. Сино-зелената мајка, бисерот на Сончевиот Систем, по заслуга на своите деца, беше претворена во сиво-бела маса, покриена со слоеви од прашина, прашина која преку ден го прекриваше сонцето, а преку ноќ светеше со болна, сива флуоресцентност.

Трејлер: Sherlock Holmes: A Game of Shadows

Image
Технички, Шерлок Холмс не е НФ. Првата адаптација на Гај Ричи насилно уфрли steam punk елементи за да биде кул. Сер Артур Конан Дојл од друга страна е еден од татковците на НФ, и не заслужува вакво силување на неговата најголема креација. Што се гледа од трејлерот? Акција, експлозии, и Шерлок Холмс преоблечен како жена. Браво. Немам ништо против трансверстити, ама претпоставувам дека Холмс е облечен како жена од други причини. И доволно е интелигентен да забележи дека нема да му успее маската. Но, нејсе. Очигледно е дека овој филм е правен за луѓето кои не прочитале ниедна книга со Шерлок Холмс, и тие луѓе и натаму ќе зборат како е „добро претставен“. Уживајте тогаш и очекувајте го Jackie Chan: An Explosion of Fights. За мене и понатаму најдобра интерпретација на Шерлок Холмс на ТВ останува доктор Хаус.

НФ серии кои мора да ги гледате, дел први

Image
Научната Фантастика на малите екрани знае да изненади со својот квалитет, а знае (многу почесто, за жал) и целосно да разочара, па дури и да изнервира. Ова важи за секој медиум всушност, а верувам и за секој жанр. Теодор Стурџон ( Theodore Sturgeon ), американски писател на НФ, во 1958 година ја поставува својата законитост, или повеќе своето откровение, кога накракто вели: „90% од научната фантастика е ѓубре, но истото така и 90% од сè е ѓубре“. Овдека се излистани достигнувањата на западната научна фантастика наменета за малите екрани, кои според мене спаѓаат во десетте проценти. Оние што се изоставени или не сум ги гледал сеуште (да, постојат и такви), или не вредат да бидат споменати. 1. Babylon 5 Babylon 5 е далеку најдоброто остварување во играните ТВ-Серии. Станува збор за првата целосно скриптирана НФ серија, дело на Џозеф Мајкл Страцински . Имено, приказната била напишана пред снимањето, па сите заплети, ликови, и помали и поголеми случки се одлично вклопени во целокупното