Posts

Showing posts from 2012

Околу Џ.Џ. Абрамс и Стар Трек

Image
Во општ недостиг на идеи, Холивуд во последните години се заврте кон „возобнување“ на класиците. Ова и не е лоша идеја, треба да се доближат некои филмови и кон помладата популација, но она што многу често недостасува е квалитет. Стар Трек за жал не беше одминат од овој тренд. После фијаското со име „Ентерпрајз“, многу фанови како мене го делеа мислењето дека веќе Стар Трек треба, колку-толку достоинствено да си замине во пензија. Кирк, со една од првите Нокии на пазарот „Ентерпрајз“ и не беше така лоша серија, според мене всушност дното беше достигнато со бледиот, безличен, и ужасно напишан „Војаџер“. Но, „Ентерпрајз“ покажа дека во Стар Трек универзумот едноставно веќе нема што да се каже, па мораа да се преиначат многу работи од основниот lore за оваа серија да проработи. Сѐ ќе беше и одлично да не завршеше така како што заврши. Да беше тука крајот, трагедијата ќе беше помала. Но, Џ.Џ. Абрамс влезе на сцена, и покажа еден добро украсен среден прст (да не се изразам инак

Battleship

Image
Battleship е филм што навистина пријатно ме изненади. Изненадувањето само ми се зголеми кога на крајот од филмот прочитав дека филмот е базиран по истоимената игра на Hasbro . Станува збор за акционен филм. Два часа експлозии, пукање во непознато, вонземјани со непознати намери... и неколку комични моменти преку кои дознаваме за главните ликови. Со еден збор, чиста забава. Глумата е солидна, повеќето глумци мене лично не ми се познати, но Лијам Нисон е тука, иако нема некоја голема улога. Друга што ми е позната е Ријана, која за разлика од повеќето нејзини колешки кои исто така се „пробале“ на големото платно, доста добро се носи со својата улога на амерички мариниец. Да, се разбира, Американците го спасуваат светот, но морам да кажам дека филмот и не е баш „ in your face “ на оваа тема, бидејќи целиот инцидент се случува за време на меѓународна воена вежба во близина на Хаваи, па и други помагаат (читај Јапонци). Има нешто во моментот што Јапонци и Американци во близина на Перл

Го изгледав Ra.One...

Image
Пред нешто повеќе од година дена го ископав трејлерот за боливудскиот сај-фај спектакл Ra.One , и си поставив задача дека некогаш ќе го гледам. За жал, го гледав. Мојата реакција на прекрасните музички елементи во филмот. Морам да кажам дека стаува збор за уникатно искуство. Суперхероите се западна тематика, нема тука многу што да се расправа, па ако утне Индија во нивно претставување и не е за чудење. Тоа му доаѓа нешто како J-Rock , ги има сите елементи на рок, ама не фала. Овде представата за суперхерои не е далеку од, да кажеме, Spiderman на Сам Раими (оној со Кирстен Данст и со „ With great power... “. И овдекa целиот филм е прошаран со cheesy моменти, само што индијците имаат некоја магична способност да пренегласат сѐ, до тој степен што ти е срам од тоа што го гледаш. Акциони сцени има во изобилие, и се без врска вметнати, што пак не е далеку од поновите холивудски ремек-дела. Ако сте го гледале Inception , филмот е буквално уништен со сцената која вклучува сноумоб

The Gift

Image
Москва, во иднина во која е нормално да сретнете мачка-робот во метро. Човек носи пакет замотан како поклон во куќа на друг, но се испоставува дека пакетот е далеку од обичен. Краток филм со убави цени, интересен поглед на иднината, и анимирана бркотница меѓу полициски Лади и робот на футуристички мотор. Дефинитвно вреди да се погледне!

I WANT TO BELIEVE

Image
Во 1993 американската телевизиска мрежа „Фокс“ ќе почне да емитува ТВ серија која ќе изроди 202 епизоди, 2 филма, многу книжевни дела, стрипови, и уште две поврзани ТВ серии. До ден денес ќе го задржи својот култен статус, но и повеќе од тоа, ќе го смени начинот на кој обичниот човек гледа на случувањата во светот. Се разбира, станува збор за „X Files“. Далеку од тоа дека серијата ги започнала теориите на заговор, или ги направила попопуларни. Вакваите теории постојат уште од многу поодамна, веројатно уште од првиот пат кога некој се посомневал во работата на оној над него. Човечка природа е да се сомневаме во добронамерноста на оние што владеат со нас. Она за што „X Files“ е „виновна“ е доприносот за овие теории да излезат од подрум. Одеднаш, оној што покажува со прст кон авторитетите и ги нарекува лажговци не е некој неугледен тинејџер/студент/хипик/отпадник од општество, туку агент на ФБИ кој воопшто не е непријатен за гледање, придружен од еднакво шармантна, иако поприземна к

Human Assembly - краток филм

Image
Уште еден краток филм од независна продукција. Се работи за спој на научна фантастика, хумор, и блага еротика. Девојка купува робот-секс играчка, кој мора самата да го склопи. Склопувањето и не е проблем, проблемот се јавува одкако одреден дел од нејзината нова играчка ја губи својата функција после неполн час...

Упатство за прв контакт

Image
Корисен водич што да направите во случај да сте првиот што ќе сретне вонземјани. Оригиналот е од некој што се потпишал ian@union.io, а ако сакате превод на македонски (преведено од мене) ќе го најдете на мојот матичен портал tab.mk . Или пак можете да се потсетите на она што го направи Зефрам Кокрејн.

Ruin - Краток анимиран филм

Image
Ruin е краток анимиран филм чие дејство е сместено во зелена пост-апокалиптична средина, во која наноботите очигледно имаат голем удел во животот на главниот лик. Освен хипер-реалистичната анимација, во филмот се насетува и некоја поголема приказна, а режисерот Вес Бол (Wes Ball) ни ветува и продолжение. RUIN from OddBall Animation on Vimeo .

Lunatics - анимирана, „слободна“ веб серија

Image
Во изминатите неколку месеци, додека се заговараа SOPA, PIPA, а сега и ACTA од страна на големите продуцентск и куќи, и посебно кога полека ги однемува сајтовите кои нудеа бесплатен пристап до сета култура на планетава (сајтови од типот на Megaupload и Btjunkie), copyright -от станува симбол за опресија за сите нас што сметаме дека информациите, знаењето, и културате тре ба слободно да течат помеѓу сите корисници на интернетот. Она нешто што поодамна било измислено со цел да ги штити создавачите, сега е извитоперено во оружје за собирање што поголем профит. Затоа, од особена ва жност е што постои еден ваков проект. Lunatics е, како и што стои во насловот, анимирана веб серија која цели значително да придонесе на free culture движењето. Веб серијата се анимира во Blender , бесплатниот софтвер за 3D анимација. Приказната ќе се врти околу првите колонисти на Месечината, и предизвиците со кои ќе мора да се соочат за да го подготват сателитот да биде попогоден за следните генерации кои ќе

Зелените робинки од Орион веќе не се привилегија на Кирк

Image
Денис Хоф, бизнисмен од Невада и водител на документарната серија на HBO „ Cathouse “, се спрема да отвори бордел со НФ тематика. Борделот ќе го носи името „ Alien Cathouse“, а како слогани неговиот сопственик ги користи: „ Sex From Another Planet “, „ Alien Cathouse Girls Do It Different “ и „ Girls From Another World “. Ако некој од вас си замислувал односи било со споменатите девојки од насловот (види фотос), било со Вулканка, Клингонка, некоја придружничка на Џаба (се надевам не Џаба), Небари, Делвијанка... само треба да отиде до Лас Вегас, и на 90 километри од таму да си ги исполни своите соништа. Интересно е ако и Борг се ставени во игра, не само поради изгледот, туку и заради тоа што зборот „борг“ се однесува на колектив. Уште поинтересно е што не се сите раси хуманоидни, ама во овој момент престанувам со пишување.