The Expanse
Таман кога ќе помислиш дека вселенската опера е мртва, дека SyFy откако го смени името никогаш нема да направи нништо убаво, и дека до крај на животот ќе ги гледаме само глупостите на Абрамс, SyFy менува раководство, и повторно се враќа во вселената.
Слушав шушкања за оваа серија. Книгите, досега четири, некое време ми се на листата за читање. Вчера конечно седнав, спремен за уште едно ОК шоу кое има потенцијал ама и многу простор за epic fail (читај уште еден Defiance). На крај од четвртата епизода бев радосен како мало дете.
Сончевиот систем во 23-от век е колонизиран од луѓето. Земјата е предводена од ОН, Марсовската Конгресионална Република е независна и во ладна војна со матичната планета. Подебелиот крај го влечат жителите на Појасот, најмогу концентрирани на Церес, кои практично робуваат за Марс и Земја да имаат ресурси.
Целото дејствие е во Сончевиот систем, и ова е голем плус, бидејќи бега од она клише дека вселенска опера мора да се случува низ целата галаксија, па да имаме секоја недела по една град-планета и некој магичен начин на транспорт. Expanse, како што можеби и името наговестува, успешно доловува дека нашиот планетарен систем е всушност огромен.
Чувството за размер што го дава серијата е само дел од реализмот кој сака да го задржи во најголема можна мера. Ниската гравитација има последици врз луѓето, ненадејна изложеност на вакуум не убива инстантно, на ракетите им треба време да стигнат до својата цел... Можам да редам уште работи кои Expanse не ги прави како секоја друга вселенска опера, ама оставам да откриете сами.
Другата работа е огромното внимание вложено во детали кои го опишуваат светот. На пример, јазикот и гестикулирањето на жителите на Церес навистина ќе ве направат да се чувствувате како да сте на друга планета. Други ситни детали има насекаде, од дизајнот на вселенските станици и бродови, до најситните тракатанци. Очигледно е дека многу труд, љубов и пари се има вложено во сиот сет.
Приказната, тој најголем проблем на сите НФ серии што не се Babylon 5, овде може да е решен со самото тоа што е извлечена од веќе напишани книги, и јасно се гледа дека постои насока во која иде серијата. Тоа што оригиналните писатели секој ден се вклучени во продукцијата секако дава дополнителна надеж.
Да сумирам, Expanse е серија која е еден вид природна еволуција на жанрот по Battlestar Galactica, со сериозни шанси далеку да го надмине својот, условно кажано, учител. Вкупно се планирани барем девет книги, па ако успее серијата можеме да очекуваме долга, епска приказна каква што секако заслужуваме.
Конечно вселенските бродови се враќаат на малите екрани! Брод на Обединетите Нации. |
Да сумирам, Expanse е серија која е еден вид природна еволуција на жанрот по Battlestar Galactica, со сериозни шанси далеку да го надмине својот, условно кажано, учител. Вкупно се планирани барем девет книги, па ако успее серијата можеме да очекуваме долга, епска приказна каква што секако заслужуваме.
Comments
Post a Comment