Posts

Showing posts from 2013

Europa Report

Image
Инди филм кој треба да се погледне. Europa Report пријатно ме изненади. Се работи за дело на прилично непознатиот режисер Себастиан Кордеро. Премисата е: Шест член меѓународен екипаж учествува во приватно спонзорирано патување кон ледениот сателит на Јупитер, Европа. Нивната мисија е да најдат знаци за живот во океанот кој се наводно се наоѓа под ледот. Филмот е во форма на документарец, споен од снимките добиени од камерите на вселенскиот брод кој ги води астронаутите до дестинацијата. Патувањето трае дваесет месеци до таму, и уште дваесет назад. Слетување на ледениот свет. Europa Report успешно   доловува всушност колку далеку  од дома патуваат астронаутите. 680.300.000 километри можеби звучат како многу, но е тешко да се замисли такво нешто. Барем кај мене, овој филм успеа да створи некоја представа за таа дистанца. Астронаутите на бородот се решени да ја завршат мисијата по секоја цена, т.е. да вратат назад доказ дека има живот на Европа, водени не само од фактот што инак

Star Trek Into Darkness

Image
Филмов е  легендарно глуп. Нема да пишувам за детали на овој филм кои веќе на долго и широко се расправени на многу форуми ширум Мрежата. Ќе се трудам да го гледам како засебен филм, игнорирајќи сè што знам за Star Trek. Џ.Џ. вели дека ова е ресет на франшизата, па ќе се однесувам и јас така. Предупредувам исто  дека има spoilers во продолжението од текстот . Филмот се вика Star Trek Into Darkness. Кај нас преведено, Ѕвездени Патеки во Мрак. Се гледа јасно зошто служат две точки, но да не се фаќаме за семантика. Битно, од насловот заклучуваме дека настаните се случуваа во вселената, има некое патување, и дека ќе биде многу мрачно. Филмот од 2009 веќе ја воспостави Обединетата Федерација на Планети, па знаеме дека тоа е федерација од повеќе планети, разни цивилизации, со центар на Земјата. Исто така, станува збор за една од поголемите сили во квадрантот. Глупава споредба, но еден вид САД во вселенски рамки. Значи, Ѕвездената Флота треба да има многу бродови, а Земјата треба да

Буш, Хусеин, ѕвездена капија

Image
Веќе некое време сакам да се вратам на мојот блог, но некако немав некоја идеја за што би пишувал (а да не е нешто мрзливо од тип „погледнете го ова клипче“. Тогаш налетав на овој спој од теорија на заговор и Ѕвездена Капија (или ти Stargate ). Сите што следат Ancient Aliens , ако веќе не се запознаени, треба да се запознаат со оваа теорија.

Defiance, од креаторот на Farscape

Image
Defiance некако ми помина под радар, не знаев дека воопшто постои како идеа сѐ додека не излезе пилотот. Од трејлерот, кој можете да го погледнете подолу, може да се издвојат неколку работи: вселенски бродови, вонземјани, механизирани воедни единици, кул оружја, вонземски пејсажи... Дали тоа научната фантастика се враќа на ТВ?? ОК, свесен сум дека има и други тв-серии во моментот кои можат да се карактеризираат како НФ, но скоро секогаш станува збор за серии кои себеси се сфаќаат премногу озбилно, вклучувајќи во себе патување низ времето, паралелни светови, зли компании сегогаш спремни да заговараат нешто... И сето тоа пречесто не е заради градење добра приказна или ликови, туку како изговор за што повеќе експлозии, а НФ елементите се сведени на хај-тек геџети кои или пополнуваат дупки во приказната, или пак служат за создавање уште експлозии. Defiance, според епизодите досега излезени, е сосема друга приказна. Rockne S. O'Bannon се труди да создаде еден нов универзум, со свеж

Sense8, помеѓу Matrix и Babylon 5

Image
Еве ме пак, по подолго време, овој пат со качен левел и со стекната титула пред името. Моето одсуство од Интернетите се должеше на секогаш-гладниот-за-туѓо-слободно-време Факултет, но откако сега сѐ се заврши во најдобар ред, се надевам дека ќе имам и повеќе време да обратам на моите 5 верни читачи. Доста вовед. Она што посебно ме израдува и што ќе го очекувам во наредниот период е враќањето на мајсторот Страцински на ТВ екраните, и тоа во заеднички проект со Енди и Лана Вашовски. Некогашните браќа Вашовски (сега се брат и сестра) се сигурно најпознати по Matrix трилогијата, која смени многу работи како во НФ така и воопшто во филмовите. Друг филм по кој се познати е V for Vendetta. Од друга страна magnum opus на Страцински е Babylon 5, најдобрата НФ серија која ја виделе телевизиските екрани, било кога.     Енди и Лана Вашовски (лево), Џозеф Мајкл Страцински (десно) Она што го издвојува Babylon 5 е кохезична приказна, без ниту едно посегнување по reset копчето толку многу корист