Posts

Showing posts from February, 2015

Дневникот на Историчарот, 3

Сè уште сè е мирно. Денеска добивме слободно време од капетанот. Како и многу други, го искористив во Ловиштето. Ова беше прв пат да го посетам овој дел од бродот, и морам да кажам дека предците добро се потрудиле да симулираат еко-систем, парче од вистинската Кемерија. Беше ослободувачки да се брка пленот наместо да се чека тој да дојде по тебе. Земјата изобилува со прекрасни ловишта. Високи дрвја од кои што може да се надгледува пленот, густа трева и мека почва која ги пригушува чекорите, и многу разновиден плен, од зајаците кои не беа никаков предизвик, до опасните предатори како волците, кои ловеа во глутници. Луѓето, ако некогаш можеби биле вешти ловци, денеска ловат од спорт, како рекреација. Со текот на времето станале вид кој припитомува и одгледува животни. Во самиот чин на лов повеќе имаат набљудувачка улога: за пронаоѓање на пленот користат кучиња, а огнени оружја за убивање. За нив Ловот е нераскинлив од убивањето. Во деловите населени од Луѓето животните се сосема бе

Каменот на преобразбата

Не можеше да верува дека е оволку лесно. Пред неа беше сефот кој требаше да го содржи најскапоцениот накит во целата земја. Накит, кој доколку му го предаде на својот клиент, ќе ја направи доволно богата да се повлече целосно од професијата на некое од јужните острови и мирно да си го проживее остатокот од животот. Но каде е забавата во тоа? Погледна во бравата. Обична, механичка. Заобиколувајќи го сефот, неможеше да забележи ниту било каква стапица. Сè беше совршено просто. Дали стариот вештер имаше погрешни дослуси? Најверојатно не. Не би ѝ дал толкав аванс ако не е сигурен во во своите извори, без разлика на неговото богатство. Дали можеби е местенка? И таа мисла ја отфрли. Да сакаше да ѝ направи непријатности, тоа би го сторил на многу по отворен и директен начин. Можеше и да ја убие на лице место во секое време. Сепак, нешто смрдеше овде. Додека ѝ се роеја слични мисли низ главата, нејзините алатки управувани од тенките извежбани прсти го вршеа танцот кој заврши со „кл

Дневникот на Историчарот, 2

Смената помина мирно. Оние оптимистите меѓу нас велат дека луѓето ги потрошиле своите ресурси во првиот налет, и сега ќе им треба време да се реорганизираат. Јас морав да потсетам дека тие имаат цела планета на располагање, како и нуклеарно вооружување, кое за наша среќа уште се воздржуваа да го искористат. Од друга страна, нашите ресурси се при крај. Сега за сега, успеавме да се оддалечиме од Земјата, да земеме малку здив скриени зад Месечината. Но колку време ќе трае овој „мир“ и дали можеме да издржиме уште еден налет, никој не знае. Барем имам време да се навратам на мојата приказна. Целата церемонија наречена „Прв Контакт“, по првите моменти на возбуда, се претвори во непотребно издолжен и измачувачки настан. Иако и двете раси сме склони на церемонии, оваа беше трома поради многуте бариери кои мораше да ги поминеме, и многуте отстапки кои требаше да ги правиме. Освен што климата, светлината и атмосферата беа погрешни, јазикот се покажа како многу поголема бариера. Нашите лин