Posts

Showing posts from April, 2013

Defiance, од креаторот на Farscape

Image
Defiance некако ми помина под радар, не знаев дека воопшто постои како идеа сѐ додека не излезе пилотот. Од трејлерот, кој можете да го погледнете подолу, може да се издвојат неколку работи: вселенски бродови, вонземјани, механизирани воедни единици, кул оружја, вонземски пејсажи... Дали тоа научната фантастика се враќа на ТВ?? ОК, свесен сум дека има и други тв-серии во моментот кои можат да се карактеризираат како НФ, но скоро секогаш станува збор за серии кои себеси се сфаќаат премногу озбилно, вклучувајќи во себе патување низ времето, паралелни светови, зли компании сегогаш спремни да заговараат нешто... И сето тоа пречесто не е заради градење добра приказна или ликови, туку како изговор за што повеќе експлозии, а НФ елементите се сведени на хај-тек геџети кои или пополнуваат дупки во приказната, или пак служат за создавање уште експлозии. Defiance, според епизодите досега излезени, е сосема друга приказна. Rockne S. O'Bannon се труди да создаде еден нов универзум, со свеж

Sense8, помеѓу Matrix и Babylon 5

Image
Еве ме пак, по подолго време, овој пат со качен левел и со стекната титула пред името. Моето одсуство од Интернетите се должеше на секогаш-гладниот-за-туѓо-слободно-време Факултет, но откако сега сѐ се заврши во најдобар ред, се надевам дека ќе имам и повеќе време да обратам на моите 5 верни читачи. Доста вовед. Она што посебно ме израдува и што ќе го очекувам во наредниот период е враќањето на мајсторот Страцински на ТВ екраните, и тоа во заеднички проект со Енди и Лана Вашовски. Некогашните браќа Вашовски (сега се брат и сестра) се сигурно најпознати по Matrix трилогијата, која смени многу работи како во НФ така и воопшто во филмовите. Друг филм по кој се познати е V for Vendetta. Од друга страна magnum opus на Страцински е Babylon 5, најдобрата НФ серија која ја виделе телевизиските екрани, било кога.     Енди и Лана Вашовски (лево), Џозеф Мајкл Страцински (десно) Она што го издвојува Babylon 5 е кохезична приказна, без ниту едно посегнување по reset копчето толку многу корист