Posts

Showing posts from April, 2015

Дневникот на Историчарот, 6

Пилотот за кого што пишував пред некое време, оној во Стрибог леталото, денеска повторно се врати. Во моментот кога леталото се покажа за нашите сензори, јас сум со Садин-Ал, и целата да ја наречам претстава ја следиме од мојот прозорец, заедно со целосните извештаи кои ни ги проследува бродскиот компјутер. Пилотот уште еднаш ја покажува својата исклучителна умешност, а Садин-Ал не е ништо помалку од мене воодушевена од лекоста со која се движи леталото. Садин-Ал веќе е запознаена во целост со мојот дневник, и токму нејзина беше идејата овој настан да го раскажувам во живо. Нема сомнеж дека станува збор за истото летало; на него дури се испишани зборовите „Еве ме пак“ следено од погрден збор, напишано на уште погрд начин со наши симболи, следено од груба слика на машки полов орган, кој Луѓето љубат да го цртаат постојано, секогаш со намера да навредат. Пилотот овој пат покрај својата умешност во избегнување на нападите од одбранбените топови на нашиот брод, покажува и извонредна д