Almost Human: Полицајци и роботи
За Almost Human почекав
да излезе целата сезона пред да препорачам
или не. Defiance изненади
на почетокот, па потоа зариба две-три
епизоди, и си мислев толку од моите
предвидувања, но некако се извади на
крај.
Kaj
Almost Human работите
одеа обратно. Не очекував ништо на
почетокот, ама на крај се изненадив и
сега сакам Fox
да се
реши да не продолжи со традицијата да
фрла скапоцени камења во канта.
Приказната не води во не
така далечна иднина, во време кога
криминалците имаат пристап до толку
многу развиена технологија, што веќе е
опасно само луѓе да патролираат во сини
униформи и да го чуваат редот и мирот.
Не, потребни им се партнери андроиди,
кои, бидејќи нели, се лесно заменливи,
одат во првите борбени редови како
штитови на своите колеги од крв и месо.
Скептичен
бев за серијата бидејќи приказната во
пилотот е прилично големо клише: главниот
детектив губи цел тим во заседа
организирана од неговата девојка, која
испаѓа дека е член на злобниот Инсиндикат
(навистина
требало да смислат подобро име).
И полошо, доаѓа шпицата, читам Џ.Џ. Абрамс
продуцент...
Ама
по пилотот, откривам одлично изработени
ликови и глумци, одлична хемија меѓу
нив, суптилно најавување на главната
приказна, суптилен опис на светот... Дури
во еден момент една работа која не сакам
да ја издавам се промени толку суптилно
за да ја направи оваа иднина што по
веројатна, што морав да им аплаудирам на
писателите. Се разбира, во себе. Не
аплаудирам висински на серии дома. Не
често.
Comments
Post a Comment