Defiance, од креаторот на Farscape


Defiance некако ми помина под радар, не знаев дека воопшто постои како идеа сѐ додека не излезе пилотот. Од трејлерот, кој можете да го погледнете подолу, може да се издвојат неколку работи: вселенски бродови, вонземјани, механизирани воедни единици, кул оружја, вонземски пејсажи... Дали тоа научната фантастика се враќа на ТВ??

ОК, свесен сум дека има и други тв-серии во моментот кои можат да се карактеризираат како НФ, но скоро секогаш станува збор за серии кои себеси се сфаќаат премногу озбилно, вклучувајќи во себе патување низ времето, паралелни светови, зли компании сегогаш спремни да заговараат нешто... И сето тоа пречесто не е заради градење добра приказна или ликови, туку како изговор за што повеќе експлозии, а НФ елементите се сведени на хај-тек геџети кои или пополнуваат дупки во приказната, или пак служат за создавање уште експлозии.

Defiance, според епизодите досега излезени, е сосема друга приказна. Rockne S. O'Bannon се труди да создаде еден нов универзум, со свежи идеи, што всушност веќе го има направено во Farscape. Пилотот, кој трае час и половина, може комотно да биде засебен филм, и содржи сѐ што, според мене, треба да содржи еден НФ филм/серија.

Главните ликови во Defiance

Првото нешто што паѓа во очи се пејсажите. Дејствието се одвива на Земјата, но не онаква како што ја знаеме, туку тераформирана од страна на осум вонземски видови. Ова отвора простор за креирање сосема нова флора и фауна, и резултатот е фантастичен; мешавината меѓу познатото и непознатото ве прави да се чувствувате како странци... дома. Шмекот на пејсажите е најблиску до шмекот на пејсажите на Моровинд. Кој играл, знае за што зборувам.

Вонземјаните, како што реков, се осум различни раси, сите со различен изглед, некои слични, некои сосема различни од човекот. Самиот дизајн на вонземските видови, како и фактот дека се напишани два нови јазика за целите на серијата, а и дизајнот на бродовите, одишува со духот на Farscape, но со доволно свои оригинални елементи кои ја прават Defiance автентична.

За приказната и ликовите, освен фактот дека се интересни, а глумците добро изберени, е уште рано да се зборува. Приказната не почнува всушност со пилотот, има полно работи што се случувале претходно но кои не се раскажани. Мене ова лично ми се допаѓа, бидејќи нервира кога на почеток има 10 минути вовед во кој се опишува историјата на човештвото од Ное наваму. Сепак, можеби би требало на почеток барем некои прашања да се покриени во врска со позадинската приказна. Ова можеби се должи на тоа што е излезен MMORPG истовремено, па можеби таму историјата е пообјаснета, па затоа и ја има на страницата за Defiance на Wikipedia.

Музичката подлога е нешто што самите треба да го искусите и оцените.

Накратко, Defiance е серија која делува како спој на Farscape, Earth:Final Conflict и Eureka, со многу свои автентични елементи. Забележав сега дека се утепав од фалење, но навистина нема што лошо да се каже, и се надевам дека така ќе остане до крај. Потенцијал сигурно има. Засега се дава на каналот SyFy, кој незнам колку е достапен кај нас, но сите знаете кај да ја најдете. За крај, трејлерот:

Comments

Popular posts from this blog

Krystabald and the Great Old One

The missing inspiration

Just a simple mail delivery