Lunatics - анимирана, „слободна“ веб серија

Илустрација на Daniel FuВо изминатите неколку месеци, додека се заговараа SOPA, PIPA, а сега и ACTA од страна на големите продуцентски куќи, и посебно кога полека ги однемува сајтовите кои нудеа бесплатен пристап до сета култура на планетава (сајтови од типот на Megaupload и Btjunkie), copyright-от станува симбол за опресија за сите нас што сметаме дека информациите, знаењето, и културате треба слободно да течат помеѓу сите корисници на интернетот. Она нешто што поодамна било измислено со цел да ги штити создавачите, сега е извитоперено во оружје за собирање што поголем профит.

Затоа, од особена важност е што постои еден ваков проект. Lunatics е, како и што стои во насловот, анимирана веб серија која цели значително да придонесе на free culture движењето.

Веб серијата се анимира во Blender, бесплатниот софтвер за 3D анимација. Приказната ќе се врти околу првите колонисти на Месечината, и предизвиците со кои ќе мора да се соочат за да го подготват сателитот да биде попогоден за следните генерации кои ќе се решат да живеат таму.
Според зборовите на креаторите, само луд човек би се решил да биде прв што ќе живее на Месечината. Одтаму, првите колонисти би биле вистински „лудаци“, односно lunatics на англиски. Луна е и второ име на Месечината, па така е избран насловот.
Многу дела досега опишувале или живот на Месечината, или пак само напомеувле дека таму има градови, но многу ретко се зборува за самиот процес на населување. Токму ова се надевам дека ќе успее да го прикаже серијата.
Инаку, да се навратам на слободноста, потребните средства за проектот се собрани преку сервисот Kickstarter, каде што на нивната страна можете да дознаете повеќе детали за ликовите и продукцијата на серијата. Иако ќе биде пуштена беслатно на интернет, ќе може и да се купи во предпродажба, како и преку „Creator Endorsedпроизводи. На официјалната страна на проектот на линкот погоре може да видите можете да видите и што ќе содржат пакетите од претпродажба, и како да донирате за проектот.

Погледнете го и видеото во кое се објаснети некои од концептите на серијата:

Comments

Popular posts from this blog

Krystabald and the Great Old One

The missing inspiration

Just a simple mail delivery