Battleship

Станува збор за акционен филм. Два часа експлозии, пукање во непознато, вонземјани со непознати намери... и неколку комични моменти преку кои дознаваме за главните ликови. Со еден збор, чиста забава. Глумата е солидна, повеќето глумци мене лично не ми се познати, но Лијам Нисон е тука, иако нема некоја голема улога. Друга што ми е позната е Ријана, која за разлика од повеќето нејзини колешки кои исто така се „пробале“ на големото платно, доста добро се носи со својата улога на амерички мариниец.
Да, се разбира, Американците го спасуваат светот, но морам да кажам дека филмот и не е баш „in your face“ на оваа тема, бидејќи целиот инцидент се случува за време на меѓународна воена вежба во близина на Хаваи, па и други помагаат (читај Јапонци). Има нешто во моментот што Јапонци и Американци во близина на Перл Харбор заедно се борат против заеднички непријател, но забегувам...
Барем компјутерските игри да добиваа ваков третман...
Comments
Post a Comment