Europa Report


Инди филм кој треба да се погледне.


Europa Report пријатно ме изненади. Се работи за дело на прилично непознатиот режисер Себастиан Кордеро.

Премисата е: Шест член меѓународен екипаж учествува во приватно спонзорирано патување кон ледениот сателит на Јупитер, Европа. Нивната мисија е да најдат знаци за живот во океанот кој се наводно се наоѓа под ледот.

Филмот е во форма на документарец, споен од снимките добиени од камерите на вселенскиот брод кој ги води астронаутите до дестинацијата. Патувањето трае дваесет месеци до таму, и уште дваесет назад.

Слетување на ледениот свет.
Europa Report успешно доловува всушност колку далеку од дома патуваат астронаутите. 680.300.000 километри можеби звучат како многу, но е тешко да се замисли такво нешто. Барем кај мене, овој филм успеа да створи некоја представа за таа дистанца. Астронаутите на бородот се решени да ја завршат мисијата по секоја цена, т.е. да вратат назад доказ дека има живот на Европа, водени не само од фактот што инаку патувањето им е џабе, туку и од (како што ќе испадне подоцна, преголема) љубопитност.

Силна страна на филмот е и визуелниот аспект. Ни дава неколку прекрасни кадри од површината на Европа, со гигантот Јупитер во позадина. Единствена замерка може да биде што нема повеќе вакви кадри, но доволно е да се разбуди имагинацијата. Што всушност треба да е главната карактеристика на секое НФ дело.

Некои би се жалеле дека приказната е сиромашна и дека ликовите се неизградени. Но, замислете си филм за Аполо 11. Гледано само од голите настани, приказната би била за астронаути што одат на Месечина и собираат камења. Ако се фокусира на Нил Арсмстронг, тогаш приказната ќе стане за него. Она што ми е зборот, е исто како на хипотетички филм кој опишува како се одвивала мисијата на Аполо 11, така и на овој филм не му треба никаков пресврт во приказната. Едноставно ваква каква што е приказната е многу поверојатна..

Единствено нешто што остава лош впечаток се неколку ситни нелогичности кои се тука како би ја мрднале приказната. Но, ништо што би ме спречило да го препорачам филмот. 

Comments

Popular posts from this blog

Krystabald and the Great Old One

The missing inspiration

Just a simple mail delivery