Зошто 2015 беше одлична година за НФ

Нучната фантастика на малите и големите екрани минатата година доживеа вистински препород. По повеќе од деценија владеење на римејкови и безброј филмови со суперхерои, конечно добивме наплив на оригални и, најважно, добри НФ филмови и серии. Ова е моја ретроспекција на досега најдобрата НФ година во 21-от век.


Interstellar

Interstellar (2014) on IMDb Interstellar


Да почнеме од диносауросот во собата. Интерстелар освен висока продукција и исклучителни специјални ефекти, го проби ледот рано годинава и покажа дека Холивуд може да направи интелигентен филм со воодушевувачки специјални ефекти. Од друга страна огромниот успех во кино салите покажа дека публиката веќе долго време очекува нешто повеќе од серија безумни експлозии. Интерстелар стави во преден план нешто што веќе некое време е тренд во НФ литературата, а тоа е оддалечувањето од магичните технологии како патувањето побрзо од светлината и вештачката гравитација. Наместо тоа, Интерстелар ги користи (претежно) вистинските закони на физиката за создавање драма, нешто што премногу срамежливо почна со Gravity, а е карактеристично за цела 2015, и се надевам дека е тренд кој долго време ќе се задржи.

The Martian

The Martian (2015) on IMDbThe Martian


Марсовецот е адаптација на исто имената книга на писателот Енди Виер. Како и во Интерстелар, и овде владеат нормалните закони на физиката, овој пат во функција на раскажување на приказна за модерен Робинзон Крузо. Ни покажува дека може да се направи филм во кој ликовите во најголем дел се вработени во НАСА, и се надевам дека ќе помогне во борбата против демонизирањето на науката и научниците кое е модерено во денешно време. Филмот не е импресивен како Интерстелар, и е "полесен" во многу погледи, но секако вреден за пофалби.

Ex Machina

Ex Machina (2015) on IMDbEx Machina


Ако претходните беа eye-candy со интелигентна приказна, Ex Machina целосно се потпира на диалог за да ни прикаже што значи да си човек, а што машина со исклучителна вештачка интелигенција. Иако се потпира на добро воспостовени НФ тропи, Ex Machina успева да го задржи вниманието и на моменти да воодушеви како со приказната, така и со кинематографијата. Уште еден поен плус за паметна НФ.

Mad Max: Fury Road

Mad Max: Fury Road (2015) on IMDbMad Max: Fury Road


Лудиот Макс е навидум чуден избор за оваа листа. Како прво станува збор за римејк, но ако го споредам со претходните, филмот не само што е оригинален, туку останатите три дела изгледаат смешни во споредба. Ако Ex Machina се потпира целосно на диалог, во Mad Max тој е скоро отсутен. Целиот филм е една континуирана акциона сцена, притоа секој кадар додава 1000 зборови на приказната и за светот во кој е сместена. Морам да кажам дека е тешко во еден параграф да се каже зошто Mad Max е феноменален. Том Харди има потпишано за уште три дела, нешто што едвај чекам да се случи. Што повеќе размислувам, тоа повеќе за мене ова е најдобриот филм минатава година.

ТВ серии


SyFy има сменето менаџмент, и се враќа на вистинскиот пат. За Expanse веќе пишував. Второто големо нешто што излезе оваа година од оваа куќа е адаптацијата на Childhood's End на Артур Кларк, мини серија што мене лично не ми остави впечаток, но дефинитвно зборува за правецот во кој сака да оди SyFy. Killjoys и Dark Matter уште ги немам гледано, но може да се прочитаат многу пофални зборови за нив.

Netflix и Amazon се другите два играчи кои покажуваат потенцијал. Враќањето на Страцински со Sense8, серија за која ќе пишам подетално во иднина, како и адаптацијата на The Man In The High Castle се одлични предвесници за она што следи за НФ.

Game of Thrones, Hannibal, True Detective, Breaking Bad, се сериите кои се на првите линии во она што многумина го нарекуваат "Златна ера на телеизијата". Во 2015 конечно и НФ го добива својот импулс, и конечно се буди заспаниот џин, спремен да зачекори повторно.

Среќна Нова Година и многу квалитетна НФ во новата 2016!

Comments

Popular posts from this blog

Krystabald and the Great Old One

The missing inspiration

Just a simple mail delivery