Дневникот на Историчарот, 3
Сè уште сè е мирно. Денеска добивме слободно време од капетанот. Како и многу други, го искористив во Ловиштето. Ова беше прв пат да го посетам овој дел од бродот, и морам да кажам дека предците добро се потрудиле да симулираат еко-систем, парче од вистинската Кемерија. Беше ослободувачки да се брка пленот наместо да се чека тој да дојде по тебе. Земјата изобилува со прекрасни ловишта. Високи дрвја од кои што може да се надгледува пленот, густа трева и мека почва која ги пригушува чекорите, и многу разновиден плен, од зајаците кои не беа никаков предизвик, до опасните предатори како волците, кои ловеа во глутници. Луѓето, ако некогаш можеби биле вешти ловци, денеска ловат од спорт, како рекреација. Со текот на времето станале вид кој припитомува и одгледува животни. Во самиот чин на лов повеќе имаат набљудувачка улога: за пронаоѓање на пленот користат кучиња, а огнени оружја за убивање. За нив Ловот е нераскинлив од убивањето. Во деловите населени од Луѓето животните се сосема бе...