The Avеngers


Едноставно, лошо.


Обично избегнувам филмови со суперхерои. Обично се работи за куп неповрзани сцени и жени (и мажи) во тесна, непрактична облека, со смешни небалансирани моќи и ultralame животни приказни. Овие извонредни луѓе можат да решат секој проблем, ама никако пред да уништат половина град. Но, за сите проблеми кои ги има Марвел (и ДиСи) универзумот, друг пат.

Еден исклучок е Бетмен, трилогијата на Нолан. Тие филмови успеаја да ме воодушеват, барем за момент, додека ги гледав. Мрачниот Витез навистина ме изненади. Па си велам, Avangers исто така е на сите листи на најдобри НФ филмови, заедно со Темниот Витез. Зошто и тој да не ме изненади?

Затоа што, едноставно, е лош.

Прво, претерано долга експозиција. Се борев да не заспијам првите саат време, но си велев: „Во ред, Марвел има огромен универзум, со кој јас не сум запознаен, ми треба ова, убаво од нив што ми објаснуваат работи.“ И така, останав буден, и се внесов во универзумот.

Проблемот е што во целата таа експозиција, успеаја да не изградат ама баш ниту еден лик. Освен Старк, и можеби Хулк, ниту еден друг нема ништо ни одблизу што наликува на личност. можеа да го заменат Леголас (ни името не му го запамтив) со било кој друг неколку пати низ филмот, и ништо да не забележам. Истото важи и за ликот што умира трагично од рацете на Локи. гледам како би разнежнило некого што следи сè што постои од Марвел, ама ако треба да читам 200 стрипа и да изгледам 20 просечни филмови за да имам емоцијална реакција на смрт на карактер кој, реално, беше единствениот кој не беше заштитен од дејствието, во филм со наслов кој никако не нагласува дека е продолжение на нешто... тешко дека проблемот е во мене. 

Уште не повеќе не ми е гајле, зашто воој лик, во филмот, собира сликички од најглупиот, најбезвезниот, најнепотребниот и најфорсиранитот суперхерој во филмот, а можеби и воопшто:

Капетан Америка
„Зошто постои овој?“ се запрашав откако престанав да се смејам кога првпат го облече неговиот ѕвездест костум. Дури во филмот самиот го поставува ова прашање, зошто му е таков костумот? Но Самуел го теши: „Не се секирај, во вакви мигови ни треба нешто старомодно.“

Знам дека има некоја приказна зад него, нацисти, Германија, Втора Светска Војна, лабораторија, мраз, блаблабла, ама не ми е гајле, типот е смешен. Толку е смешен, што своерачно го уништува филмот. Секоја акциона сцена, без ралика колку и да е bad ass, во моментот кога ќе се појави ја претвора во циркус. Башка, тоа е знаме на Порто Рико.

Капетан Порто Рико: "¿Loki, hijo de puta, dónde está el Tesseracto?"

Форсирањето на овој лик (кој низ целиот филм изгледа како ни самиот да не знае зошто постои) оди до таму што има дури две сцени каде што полицајци му посочуваат „Во таа зграда има заглавени цивили“. И тој се загледува во таа зграда. и не го гледаме како спасува никого. Но, на самиот крај, едно девојче му се заблагодарува на вој несфатен херој. Значи, сепак спасил некого. Америка спасува цивили, секогаш! Секаде каде има заглавени цивили, Америка им носи слобода! Има и тој своја улога, во овој денешен блед свет на опресија. Не постои само да се сопнува и да виси од авиони. И да изглeда како да му умрела баба.

Не сум ги гледал Тор филмовите, ама Тор е прилично неспосособен полубог. Исто и Локи. Единствен лик кој ми се допаѓаше е Тони Старк, главно поради одличната глума на Роберт Дауни Џуниор. И Хулк би бил тука, пак поради изведбата на Марк Руфало, но бидејќи можеше целиот филм и без Хулк, сиот негов труд е залуден. Исто можеше и без Црната Вдовица, и без Леголас.

Но и без Тони Старк. Бидејќи, да се потсетиме, се што требаше да се направи за да се спречи инваизијата беше една (со броеви: 1) нуклеарка. И Одбор во кој барем еден член не е идиот за да каже „Чекајте малко другари, наместо Менхетен, да го гаѓаме порталот?“

И така, тим луѓе кои неможат да бидат убиени се тепаа против лош кој е бесмртен, доброто победи, милини изгинаа во процес, Капетан Америка го врати патритското чувство кај сите нас. Уште Наташа да се соблечеше... ама не, нејзиниот лик е премногу длабок, таа има црвени дамки во верманот... таа не е тука само за да има женско никако... таа е цврста, стегната жена, со јасно дефиниран карактер....

Најубаво тука да завршам со освртот на овој прекрасен филм. Оцената на IMDB му 8.2, на тоа можам да искоментирам само со едно „кек“. Јас му давам 4, што е премногу, ама имаше ефекти, и ме насмеа добро. 

Со нетрпение чекам да го гледам Winter Soldier. Колку ли цивили ќе спаси Капетанот? 

Comments

Popular posts from this blog

Krystabald and the Great Old One

The missing inspiration

Just a simple mail delivery