Околу Џ.Џ. Абрамс и Стар Трек
Во општ недостиг на идеи, Холивуд во последните години се заврте кон „возобнување“ на класиците. Ова и не е лоша идеја, треба да се доближат некои филмови и кон помладата популација, но она што многу често недостасува е квалитет. Стар Трек за жал не беше одминат од овој тренд. После фијаското со име „Ентерпрајз“, многу фанови како мене го делеа мислењето дека веќе Стар Трек треба, колку-толку достоинствено да си замине во пензија. Кирк, со една од првите Нокии на пазарот „Ентерпрајз“ и не беше така лоша серија, според мене всушност дното беше достигнато со бледиот, безличен, и ужасно напишан „Војаџер“. Но, „Ентерпрајз“ покажа дека во Стар Трек универзумот едноставно веќе нема што да се каже, па мораа да се преиначат многу работи од основниот lore за оваа серија да проработи. Сѐ ќе беше и одлично да не завршеше така како што заврши. Да беше тука крајот, трагедијата ќе беше помала. Но, Џ.Џ. Абрамс влезе на сцена, и покажа еден добро украсен среден прст (да не се изразам инак...