Дневникот на Историчарот, 7
Два дена како немам спиено. Помеѓу бескрајните состаноци и известувања, остануваше многу малку време за одмор, во кое едноставно не можев да го најдам сонот. Деведесет и три Кемеријани, триесет и три Семери загинати. Дополнително, педесет и шест Семери се во карантин. Семерите се покажаа многу поотпорни на радијација, веројатно поради поголемата изложеност на вселенета. Првичните пораки дека загубите се мали ми се чинат како огромно потценување на ситуацијата. Незнам каква е ситуацијата на Земјата, но Кемерија нема претрпено вакви загуби уште од земјотресот пред скоро еден век. Пред неколку часа дознавме дека нуклеарката не била единственото оружје во нападот. Пронајдовме непријателско ВИ во нашиот компјутерски систем, кое забрзано работи на пронаоѓање начин на влез во вишите функции на нашиот брод. Нашиот софтвер, иако адекватен за тоа што е направен, е далеку од интелигенцијата на виртуелните агенти кои Луѓето ги имаат развиено. (Проклетство), нивните „андроиди“ не може ни да се р...