Дневникот на Историчарот, 5
На бродот повторно се сретнав со Садин-Ал, со која бев во врска пред да заминам за Земјата. Таа се придружи некои 2-3 години по Првиот Контакт, но освен неколку пати на кратко, воопшто ја немав видено. Пред два дена се сретнавме во Ловиштето, и откако поминавме вечер заедно, решивме дека уште сме си добро друштво. Садин-Ал е биолог, и за неа Земјата претставуваше безгранично игралиште. Можеше без престан да зборува за сите чуда што успеала да ги истражи. Секако, ја делев фасцинацијата за Земјата, па и допуштав непречено да навлегува во долги монолози. Вчера беше особено расположена да зборува за размножувањето кај Луѓето, а разговорот од чисто научен набргу премина во дискусија за чудниот однос кој Луѓето го имаат према сексот. Луѓето се апсолутно обземени со својата сексуалност. Сексот владее со нивните животи, во секој поглед. Најлесно пристапните, а најверојатно и најбројните дела, им се порнографските, односно делата во кои овој чин е пренагласен. А сепак јавното изјавув...