Posts

Defiance, од креаторот на Farscape

Image
Defiance некако ми помина под радар, не знаев дека воопшто постои како идеа сѐ додека не излезе пилотот. Од трејлерот, кој можете да го погледнете подолу, може да се издвојат неколку работи: вселенски бродови, вонземјани, механизирани воедни единици, кул оружја, вонземски пејсажи... Дали тоа научната фантастика се враќа на ТВ?? ОК, свесен сум дека има и други тв-серии во моментот кои можат да се карактеризираат како НФ, но скоро секогаш станува збор за серии кои себеси се сфаќаат премногу озбилно, вклучувајќи во себе патување низ времето, паралелни светови, зли компании сегогаш спремни да заговараат нешто... И сето тоа пречесто не е заради градење добра приказна или ликови, туку како изговор за што повеќе експлозии, а НФ елементите се сведени на хај-тек геџети кои или пополнуваат дупки во приказната, или пак служат за создавање уште експлозии. Defiance, според епизодите досега излезени, е сосема друга приказна. Rockne S. O'Bannon се труди да создаде еден нов универзум, со свеж...

Sense8, помеѓу Matrix и Babylon 5

Image
Еве ме пак, по подолго време, овој пат со качен левел и со стекната титула пред името. Моето одсуство од Интернетите се должеше на секогаш-гладниот-за-туѓо-слободно-време Факултет, но откако сега сѐ се заврши во најдобар ред, се надевам дека ќе имам и повеќе време да обратам на моите 5 верни читачи. Доста вовед. Она што посебно ме израдува и што ќе го очекувам во наредниот период е враќањето на мајсторот Страцински на ТВ екраните, и тоа во заеднички проект со Енди и Лана Вашовски. Некогашните браќа Вашовски (сега се брат и сестра) се сигурно најпознати по Matrix трилогијата, која смени многу работи како во НФ така и воопшто во филмовите. Друг филм по кој се познати е V for Vendetta. Од друга страна magnum opus на Страцински е Babylon 5, најдобрата НФ серија која ја виделе телевизиските екрани, било кога.     Енди и Лана Вашовски (лево), Џозеф Мајкл Страцински (десно) Она што го издвојува Babylon 5 е кохезична приказна, без ниту едно посегнување по reset копчето толку мно...

Околу Џ.Џ. Абрамс и Стар Трек

Image
Во општ недостиг на идеи, Холивуд во последните години се заврте кон „возобнување“ на класиците. Ова и не е лоша идеја, треба да се доближат некои филмови и кон помладата популација, но она што многу често недостасува е квалитет. Стар Трек за жал не беше одминат од овој тренд. После фијаското со име „Ентерпрајз“, многу фанови како мене го делеа мислењето дека веќе Стар Трек треба, колку-толку достоинствено да си замине во пензија. Кирк, со една од првите Нокии на пазарот „Ентерпрајз“ и не беше така лоша серија, според мене всушност дното беше достигнато со бледиот, безличен, и ужасно напишан „Војаџер“. Но, „Ентерпрајз“ покажа дека во Стар Трек универзумот едноставно веќе нема што да се каже, па мораа да се преиначат многу работи од основниот lore за оваа серија да проработи. Сѐ ќе беше и одлично да не завршеше така како што заврши. Да беше тука крајот, трагедијата ќе беше помала. Но, Џ.Џ. Абрамс влезе на сцена, и покажа еден добро украсен среден прст (да не се изразам инак...

Battleship

Image
Battleship е филм што навистина пријатно ме изненади. Изненадувањето само ми се зголеми кога на крајот од филмот прочитав дека филмот е базиран по истоимената игра на Hasbro . Станува збор за акционен филм. Два часа експлозии, пукање во непознато, вонземјани со непознати намери... и неколку комични моменти преку кои дознаваме за главните ликови. Со еден збор, чиста забава. Глумата е солидна, повеќето глумци мене лично не ми се познати, но Лијам Нисон е тука, иако нема некоја голема улога. Друга што ми е позната е Ријана, која за разлика од повеќето нејзини колешки кои исто така се „пробале“ на големото платно, доста добро се носи со својата улога на амерички мариниец. Да, се разбира, Американците го спасуваат светот, но морам да кажам дека филмот и не е баш „ in your face “ на оваа тема, бидејќи целиот инцидент се случува за време на меѓународна воена вежба во близина на Хаваи, па и други помагаат (читај Јапонци). Има нешто во моментот што Јапонци и Американци во близина на Перл ...

Го изгледав Ra.One...

Image
Пред нешто повеќе од година дена го ископав трејлерот за боливудскиот сај-фај спектакл Ra.One , и си поставив задача дека некогаш ќе го гледам. За жал, го гледав. Мојата реакција на прекрасните музички елементи во филмот. Морам да кажам дека стаува збор за уникатно искуство. Суперхероите се западна тематика, нема тука многу што да се расправа, па ако утне Индија во нивно претставување и не е за чудење. Тоа му доаѓа нешто како J-Rock , ги има сите елементи на рок, ама не фала. Овде представата за суперхерои не е далеку од, да кажеме, Spiderman на Сам Раими (оној со Кирстен Данст и со „ With great power... “. И овдекa целиот филм е прошаран со cheesy моменти, само што индијците имаат некоја магична способност да пренегласат сѐ, до тој степен што ти е срам од тоа што го гледаш. Акциони сцени има во изобилие, и се без врска вметнати, што пак не е далеку од поновите холивудски ремек-дела. Ако сте го гледале Inception , филмот е буквално уништен со сцената која вклучува сноумоб...

The Gift

Image
Москва, во иднина во која е нормално да сретнете мачка-робот во метро. Човек носи пакет замотан како поклон во куќа на друг, но се испоставува дека пакетот е далеку од обичен. Краток филм со убави цени, интересен поглед на иднината, и анимирана бркотница меѓу полициски Лади и робот на футуристички мотор. Дефинитвно вреди да се погледне!

I WANT TO BELIEVE

Image
Во 1993 американската телевизиска мрежа „Фокс“ ќе почне да емитува ТВ серија која ќе изроди 202 епизоди, 2 филма, многу книжевни дела, стрипови, и уште две поврзани ТВ серии. До ден денес ќе го задржи својот култен статус, но и повеќе од тоа, ќе го смени начинот на кој обичниот човек гледа на случувањата во светот. Се разбира, станува збор за „X Files“. Далеку од тоа дека серијата ги започнала теориите на заговор, или ги направила попопуларни. Вакваите теории постојат уште од многу поодамна, веројатно уште од првиот пат кога некој се посомневал во работата на оној над него. Човечка природа е да се сомневаме во добронамерноста на оние што владеат со нас. Она за што „X Files“ е „виновна“ е доприносот за овие теории да излезат од подрум. Одеднаш, оној што покажува со прст кон авторитетите и ги нарекува лажговци не е некој неугледен тинејџер/студент/хипик/отпадник од општество, туку агент на ФБИ кој воопшто не е непријатен за гледање, придружен од еднакво шармантна, иако поприземна к...