Posts

Showing posts with the label филмови

Sleep Dealer

Image
Од анонимниот Алекс Ривера доаѓа ова дело кое сосема ги надмина моите очекувања.

The Avеngers

Image
Едноставно, лошо.

Gravity

Image
Филмот минатата недела доби 7 оскари, што заради некои причини е реткост за научна фантастика. Со тоа конечно го заслужи моето внимание и скокна на првото место на листата филмови што треба да ги гледам.

Europa Report

Image
Инди филм кој треба да се погледне. Europa Report пријатно ме изненади. Се работи за дело на прилично непознатиот режисер Себастиан Кордеро. Премисата е: Шест член меѓународен екипаж учествува во приватно спонзорирано патување кон ледениот сателит на Јупитер, Европа. Нивната мисија е да најдат знаци за живот во океанот кој се наводно се наоѓа под ледот. Филмот е во форма на документарец, споен од снимките добиени од камерите на вселенскиот брод кој ги води астронаутите до дестинацијата. Патувањето трае дваесет месеци до таму, и уште дваесет назад. Слетување на ледениот свет. Europa Report успешно   доловува всушност колку далеку  од дома патуваат астронаутите. 680.300.000 километри можеби звучат како многу, но е тешко да се замисли такво нешто. Барем кај мене, овој филм успеа да створи некоја представа за таа дистанца. Астронаутите на бородот се решени да ја завршат мисијата по секоја цена, т.е. да вратат назад доказ дека има живот на Европа, водени не само од фактот...

Star Trek Into Darkness

Image
Филмов е  легендарно глуп. Нема да пишувам за детали на овој филм кои веќе на долго и широко се расправени на многу форуми ширум Мрежата. Ќе се трудам да го гледам како засебен филм, игнорирајќи сè што знам за Star Trek. Џ.Џ. вели дека ова е ресет на франшизата, па ќе се однесувам и јас така. Предупредувам исто  дека има spoilers во продолжението од текстот . Филмот се вика Star Trek Into Darkness. Кај нас преведено, Ѕвездени Патеки во Мрак. Се гледа јасно зошто служат две точки, но да не се фаќаме за семантика. Битно, од насловот заклучуваме дека настаните се случуваа во вселената, има некое патување, и дека ќе биде многу мрачно. Филмот од 2009 веќе ја воспостави Обединетата Федерација на Планети, па знаеме дека тоа е федерација од повеќе планети, разни цивилизации, со центар на Земјата. Исто така, станува збор за една од поголемите сили во квадрантот. Глупава споредба, но еден вид САД во вселенски рамки. Значи, Ѕвездената Флота треба да има многу бродови, а Земјата ...

Околу Џ.Џ. Абрамс и Стар Трек

Image
Во општ недостиг на идеи, Холивуд во последните години се заврте кон „возобнување“ на класиците. Ова и не е лоша идеја, треба да се доближат некои филмови и кон помладата популација, но она што многу често недостасува е квалитет. Стар Трек за жал не беше одминат од овој тренд. После фијаското со име „Ентерпрајз“, многу фанови како мене го делеа мислењето дека веќе Стар Трек треба, колку-толку достоинствено да си замине во пензија. Кирк, со една од првите Нокии на пазарот „Ентерпрајз“ и не беше така лоша серија, според мене всушност дното беше достигнато со бледиот, безличен, и ужасно напишан „Војаџер“. Но, „Ентерпрајз“ покажа дека во Стар Трек универзумот едноставно веќе нема што да се каже, па мораа да се преиначат многу работи од основниот lore за оваа серија да проработи. Сѐ ќе беше и одлично да не завршеше така како што заврши. Да беше тука крајот, трагедијата ќе беше помала. Но, Џ.Џ. Абрамс влезе на сцена, и покажа еден добро украсен среден прст (да не се изразам инак...

Battleship

Image
Battleship е филм што навистина пријатно ме изненади. Изненадувањето само ми се зголеми кога на крајот од филмот прочитав дека филмот е базиран по истоимената игра на Hasbro . Станува збор за акционен филм. Два часа експлозии, пукање во непознато, вонземјани со непознати намери... и неколку комични моменти преку кои дознаваме за главните ликови. Со еден збор, чиста забава. Глумата е солидна, повеќето глумци мене лично не ми се познати, но Лијам Нисон е тука, иако нема некоја голема улога. Друга што ми е позната е Ријана, која за разлика од повеќето нејзини колешки кои исто така се „пробале“ на големото платно, доста добро се носи со својата улога на амерички мариниец. Да, се разбира, Американците го спасуваат светот, но морам да кажам дека филмот и не е баш „ in your face “ на оваа тема, бидејќи целиот инцидент се случува за време на меѓународна воена вежба во близина на Хаваи, па и други помагаат (читај Јапонци). Има нешто во моментот што Јапонци и Американци во близина на Перл ...

Го изгледав Ra.One...

Image
Пред нешто повеќе од година дена го ископав трејлерот за боливудскиот сај-фај спектакл Ra.One , и си поставив задача дека некогаш ќе го гледам. За жал, го гледав. Мојата реакција на прекрасните музички елементи во филмот. Морам да кажам дека стаува збор за уникатно искуство. Суперхероите се западна тематика, нема тука многу што да се расправа, па ако утне Индија во нивно претставување и не е за чудење. Тоа му доаѓа нешто како J-Rock , ги има сите елементи на рок, ама не фала. Овде представата за суперхерои не е далеку од, да кажеме, Spiderman на Сам Раими (оној со Кирстен Данст и со „ With great power... “. И овдекa целиот филм е прошаран со cheesy моменти, само што индијците имаат некоја магична способност да пренегласат сѐ, до тој степен што ти е срам од тоа што го гледаш. Акциони сцени има во изобилие, и се без врска вметнати, што пак не е далеку од поновите холивудски ремек-дела. Ако сте го гледале Inception , филмот е буквално уништен со сцената која вклучува сноумоб...

Sci-Fi, Bollywood style

Image
Sci-Fi, Bollywood style Сигурно и кај вас будат воодушевување и трепет во срцето сериите „Малата Невеста“, и „Бандини“? И сте помислиле: „уште НФ серија/филм од индијците, и животот ќе ми е исполнен“. Епа, voila, вака изгледа еден индиски НФ филм, наречен Ra.One: Уште читате? Целото име му е Random Access–Version 1.0, и се работи за суперхеројски филм. Статијата на Wikipedia за овој филм спаѓа во категоријата tl:dr (to long, didn't read), но она што ми падна во очи е цифрата од 39 милони долари за буџетот на филмот, од кои 11,6 милиони долари потрошени за промоција, како и фактот дека е конвертиран за 3D. Ни заработката (37,91 милиони) не му е мала, која е поголема од онаа на Battlefield Earth со Џон траволта, Бери Пепер, Форест Витакер... И навистина не може да е полош Ra.One од Battlefield Earth , затоа си го ставам на листата за „филмови за гледање после колоквиумска“.

Трејлер: Sherlock Holmes: A Game of Shadows

Image
Технички, Шерлок Холмс не е НФ. Првата адаптација на Гај Ричи насилно уфрли steam punk елементи за да биде кул. Сер Артур Конан Дојл од друга страна е еден од татковците на НФ, и не заслужува вакво силување на неговата најголема креација. Што се гледа од трејлерот? Акција, експлозии, и Шерлок Холмс преоблечен како жена. Браво. Немам ништо против трансверстити, ама претпоставувам дека Холмс е облечен како жена од други причини. И доволно е интелигентен да забележи дека нема да му успее маската. Но, нејсе. Очигледно е дека овој филм е правен за луѓето кои не прочитале ниедна книга со Шерлок Холмс, и тие луѓе и натаму ќе зборат како е „добро претставен“. Уживајте тогаш и очекувајте го Jackie Chan: An Explosion of Fights. За мене и понатаму најдобра интерпретација на Шерлок Холмс на ТВ останува доктор Хаус.