Научната Фантастика на малите екрани знае да изненади со својот квалитет, а знае (многу почесто, за жал) и целосно да разочара, па дури и да изнервира. Ова важи за секој медиум всушност, а верувам и за секој жанр. Теодор Стурџон ( Theodore Sturgeon ), американски писател на НФ, во 1958 година ја поставува својата законитост, или повеќе своето откровение, кога накракто вели: „90% од научната фантастика е ѓубре, но истото така и 90% од сè е ѓубре“. Овдека се излистани достигнувањата на западната научна фантастика наменета за малите екрани, кои според мене спаѓаат во десетте проценти. Оние што се изоставени или не сум ги гледал сеуште (да, постојат и такви), или не вредат да бидат споменати. 1. Babylon 5 Babylon 5 е далеку најдоброто остварување во играните ТВ-Серии. Станува збор за првата целосно скриптирана НФ серија, дело на Џозеф Мајкл Страцински . Имено, приказната била напишана пред снимањето, па сите заплети, ликови, и помали и поголеми случки се одлично вклопени во целокупното ...