Posts

Showing posts with the label натприродно

Sense8, помеѓу Matrix и Babylon 5

Image
Еве ме пак, по подолго време, овој пат со качен левел и со стекната титула пред името. Моето одсуство од Интернетите се должеше на секогаш-гладниот-за-туѓо-слободно-време Факултет, но откако сега сѐ се заврши во најдобар ред, се надевам дека ќе имам и повеќе време да обратам на моите 5 верни читачи. Доста вовед. Она што посебно ме израдува и што ќе го очекувам во наредниот период е враќањето на мајсторот Страцински на ТВ екраните, и тоа во заеднички проект со Енди и Лана Вашовски. Некогашните браќа Вашовски (сега се брат и сестра) се сигурно најпознати по Matrix трилогијата, која смени многу работи како во НФ така и воопшто во филмовите. Друг филм по кој се познати е V for Vendetta. Од друга страна magnum opus на Страцински е Babylon 5, најдобрата НФ серија која ја виделе телевизиските екрани, било кога.     Енди и Лана Вашовски (лево), Џозеф Мајкл Страцински (десно) Она што го издвојува Babylon 5 е кохезична приказна, без ниту едно посегнување по reset копчето толку мно...