Posts

Showing posts with the label фантазија

Каменот на преобразбата

Не можеше да верува дека е оволку лесно. Пред неа беше сефот кој требаше да го содржи најскапоцениот накит во целата земја. Накит, кој доколку му го предаде на својот клиент, ќе ја направи доволно богата да се повлече целосно од професијата на некое од јужните острови и мирно да си го проживее остатокот од животот. Но каде е забавата во тоа? Погледна во бравата. Обична, механичка. Заобиколувајќи го сефот, неможеше да забележи ниту било каква стапица. Сè беше совршено просто. Дали стариот вештер имаше погрешни дослуси? Најверојатно не. Не би ѝ дал толкав аванс ако не е сигурен во во своите извори, без разлика на неговото богатство. Дали можеби е местенка? И таа мисла ја отфрли. Да сакаше да ѝ направи непријатности, тоа би го сторил на многу по отворен и директен начин. Можеше и да ја убие на лице место во секое време. Сепак, нешто смрдеше овде. Додека ѝ се роеја слични мисли низ главата, нејзините алатки управувани од тенките извежбани прсти го вршеа танцот кој заврши со „кл...