Posts

Showing posts with the label инвазија

Defiance, од креаторот на Farscape

Image
Defiance некако ми помина под радар, не знаев дека воопшто постои како идеа сѐ додека не излезе пилотот. Од трејлерот, кој можете да го погледнете подолу, може да се издвојат неколку работи: вселенски бродови, вонземјани, механизирани воедни единици, кул оружја, вонземски пејсажи... Дали тоа научната фантастика се враќа на ТВ?? ОК, свесен сум дека има и други тв-серии во моментот кои можат да се карактеризираат како НФ, но скоро секогаш станува збор за серии кои себеси се сфаќаат премногу озбилно, вклучувајќи во себе патување низ времето, паралелни светови, зли компании сегогаш спремни да заговараат нешто... И сето тоа пречесто не е заради градење добра приказна или ликови, туку како изговор за што повеќе експлозии, а НФ елементите се сведени на хај-тек геџети кои или пополнуваат дупки во приказната, или пак служат за создавање уште експлозии. Defiance, според епизодите досега излезени, е сосема друга приказна. Rockne S. O'Bannon се труди да создаде еден нов универзум, со свеж...

Battleship

Image
Battleship е филм што навистина пријатно ме изненади. Изненадувањето само ми се зголеми кога на крајот од филмот прочитав дека филмот е базиран по истоимената игра на Hasbro . Станува збор за акционен филм. Два часа експлозии, пукање во непознато, вонземјани со непознати намери... и неколку комични моменти преку кои дознаваме за главните ликови. Со еден збор, чиста забава. Глумата е солидна, повеќето глумци мене лично не ми се познати, но Лијам Нисон е тука, иако нема некоја голема улога. Друга што ми е позната е Ријана, која за разлика од повеќето нејзини колешки кои исто така се „пробале“ на големото платно, доста добро се носи со својата улога на амерички мариниец. Да, се разбира, Американците го спасуваат светот, но морам да кажам дека филмот и не е баш „ in your face “ на оваа тема, бидејќи целиот инцидент се случува за време на меѓународна воена вежба во близина на Хаваи, па и други помагаат (читај Јапонци). Има нешто во моментот што Јапонци и Американци во близина на Перл ...