НФ серии кои мора да ги гледате, дел втори
Паралелни универзуми, FBI агенти, уште едно дело на Џин, една неправедно потценет spin-off и мапети. Ова е вториот дел од листата НФ серии што мора да ги гледате. 6. Charlie Jade Ова е една серија која многу лесно може да биде заборавена, а никако не смее. Се работи за бисер на НФ кој доаѓа од Јужна Африка, а е снимен 2005. Чарли Џејд е детектив кој по игра на случајност ќе се за глави во паралелен универзум на својот. Оттука почнува уникатна приказна рашир ена на три универзуми, со ликови кои гарантирано долго ќе ги паметите. Посебно 01 Боксер, за мене еден од најдобрите (и најдобар) некогаш осмислени ликови. Серијата изобилува со акција, заплети политички и корпоративни, но само ова испреплетено со одлично разработената приказна и ликови не е единствената добра страна. Серијата нуд и поглед во нешто што ретко го гледаме во ТВ сериите - Кејп Таун и Јужна Африка. Прекрасните кадри, генијалното користење на боите, како и контрастите на Кејп Таун ќе ве замислат што сме, што ќе бид...