Posts

Human Assembly - краток филм

Image
Уште еден краток филм од независна продукција. Се работи за спој на научна фантастика, хумор, и блага еротика. Девојка купува робот-секс играчка, кој мора самата да го склопи. Склопувањето и не е проблем, проблемот се јавува одкако одреден дел од нејзината нова играчка ја губи својата функција после неполн час...

Упатство за прв контакт

Image
Корисен водич што да направите во случај да сте првиот што ќе сретне вонземјани. Оригиналот е од некој што се потпишал ian@union.io, а ако сакате превод на македонски (преведено од мене) ќе го најдете на мојот матичен портал tab.mk . Или пак можете да се потсетите на она што го направи Зефрам Кокрејн.

Ruin - Краток анимиран филм

Image
Ruin е краток анимиран филм чие дејство е сместено во зелена пост-апокалиптична средина, во која наноботите очигледно имаат голем удел во животот на главниот лик. Освен хипер-реалистичната анимација, во филмот се насетува и некоја поголема приказна, а режисерот Вес Бол (Wes Ball) ни ветува и продолжение. RUIN from OddBall Animation on Vimeo .

Lunatics - анимирана, „слободна“ веб серија

Image
Во изминатите неколку месеци, додека се заговараа SOPA, PIPA, а сега и ACTA од страна на големите продуцентск и куќи, и посебно кога полека ги однемува сајтовите кои нудеа бесплатен пристап до сета култура на планетава (сајтови од типот на Megaupload и Btjunkie), copyright -от станува симбол за опресија за сите нас што сметаме дека информациите, знаењето, и културате тре ба слободно да течат помеѓу сите корисници на интернетот. Она нешто што поодамна било измислено со цел да ги штити создавачите, сега е извитоперено во оружје за собирање што поголем профит. Затоа, од особена ва жност е што постои еден ваков проект. Lunatics е, како и што стои во насловот, анимирана веб серија која цели значително да придонесе на free culture движењето. Веб серијата се анимира во Blender , бесплатниот софтвер за 3D анимација. Приказната ќе се врти околу првите колонисти на Месечината, и предизвиците со кои ќе мора да се соочат за да го подготват сателитот да биде попогоден за следните генерации кои ќе ...

Зелените робинки од Орион веќе не се привилегија на Кирк

Image
Денис Хоф, бизнисмен од Невада и водител на документарната серија на HBO „ Cathouse “, се спрема да отвори бордел со НФ тематика. Борделот ќе го носи името „ Alien Cathouse“, а како слогани неговиот сопственик ги користи: „ Sex From Another Planet “, „ Alien Cathouse Girls Do It Different “ и „ Girls From Another World “. Ако некој од вас си замислувал односи било со споменатите девојки од насловот (види фотос), било со Вулканка, Клингонка, некоја придружничка на Џаба (се надевам не Џаба), Небари, Делвијанка... само треба да отиде до Лас Вегас, и на 90 километри од таму да си ги исполни своите соништа. Интересно е ако и Борг се ставени во игра, не само поради изгледот, туку и заради тоа што зборот „борг“ се однесува на колектив. Уште поинтересно е што не се сите раси хуманоидни, ама во овој момент престанувам со пишување.

Rosa - краток филм

Image
Еве еден прекрасно направен краток филм кој вреди да се погледне. Дејствието во „ Rosa “ се случува во пост-апокалиптичен свет во кој целата природа е изумрена. Во рушевините се буди Роза , киборг дел од проектот Кернел , последниот обид на човештвото да го врати земјиниот екосистем. Наскоро Роза ќе сфати дека не е единствното разбудено „суштество“, и мора да се бори за да преживее. Краткиот филм е дело на млад стрип-уметник Jesús Orellana, и е направено без буџет за само една година. Својата светска премиера ја имаше на Меѓународниот Филмски фестивал во Сиетл, а потоа филмот заврте и по други светски фестивали како Screamfest, Toronto After Dark, Anima Mundi .... Со еден збор, филмот привлече многу внимание, па во план е и да се направи долгометражна верзија. Уживајте во наредните неколку минути. ROSA from Jesús Orellana on Vimeo .

Sci-Fi, Bollywood style

Image
Sci-Fi, Bollywood style Сигурно и кај вас будат воодушевување и трепет во срцето сериите „Малата Невеста“, и „Бандини“? И сте помислиле: „уште НФ серија/филм од индијците, и животот ќе ми е исполнен“. Епа, voila, вака изгледа еден индиски НФ филм, наречен Ra.One: Уште читате? Целото име му е Random Access–Version 1.0, и се работи за суперхеројски филм. Статијата на Wikipedia за овој филм спаѓа во категоријата tl:dr (to long, didn't read), но она што ми падна во очи е цифрата од 39 милони долари за буџетот на филмот, од кои 11,6 милиони долари потрошени за промоција, како и фактот дека е конвертиран за 3D. Ни заработката (37,91 милиони) не му е мала, која е поголема од онаа на Battlefield Earth со Џон траволта, Бери Пепер, Форест Витакер... И навистина не може да е полош Ra.One од Battlefield Earth , затоа си го ставам на листата за „филмови за гледање после колоквиумска“.